ОНЛАЈН ЕДУКАЦИЈА НА КАДАРОТ

На 26.05.2020 г. во вечерните часови вработените на нашата градинка се приклучија кон поканата и земаа учество во онлајн работилницата на тема „Поддршка во домот кога сервисите не се достапни“, организирана од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а реализирана преку ZOOM платформата. 
Вработените го проследија Модул 1, со наслов „Домот – мојата омилена игротека“, и заедно со обучувачите Билјана Стерјадовска Стојчевска (специјална едукаторка и рехабилитаторка) и Даниела Саздова (специјална едукаторка и рехабилитаторка) ги проследија следните теми на работилницата:
  • Стресната ситуација предизвикана од пандемијата и како ја надминуваме;
  • Креативно организирање на денот, визуелен распоред на дневни активности;
  • Како да ги зајакнеме капацитетите на детето за грижа за себе;
  • Развивање на моториката на детето во домашни услови;
  • Практични совети за стимулација на когнитивниот развој на детето;
  • Поддршка на родителите поврзана со МКФ.
Подготвил стручен соработник-ликовен педагог:
м-р Ана Цветкоска-Панова