РАНО ОВОШЈЕ

Здравата исхрана е едно од основните нешта кои треба секој од нас да ги практикува за да остане здрав и силен.
Дел од здравата храна,се разбира е овошјето полно со витамини и  кое секој од нас треба секојдневно да го конзумира. Во овие пролетни денови зрее раното овошје односно јагодите и црешите.
Со цел децата да се запознаат со карактеристиките на овошјето, негово препознавање, именување и разликување; развивање способности за  јасно рецитирање на стихотворба со промена на интонација на гласот;поттикнување на самостојноста во користењето на разни ликовни материјали, поттикнување интерес за учество во ликовни активности преку користење на разни форми на ликовно изразување како и развивање на музичка меморија и интерес за слушање на музика, на родителите на децата од групата ШТРУМФОВИ (3-4години) од матичниот објект им беа предложени повеќе  активности:
Преку набљудување на природата и разгледување слики, децата требаше  да се запознааат со јагоди и цреши, да цртаат дрво со цреши, моделираат рано овошје од пластелин или тесто, да творат во техниката цепи лепи од самолеплива хартија , да ја слушаат песната „Здрава Храна“ (Поточиња 2011 г.) или „Витамини“ (Поточиња 2004 г.) и да ја обработат на стихотворбата  „Црвени обравчиња“.
Подготвил воспитувач:
Анета Симоновска