ЗДРАВА ХРАНА - ОВОШЈЕ БЕЗ МАНА

(Запознавање, именување и опишување на раните овошни плодови – јагоди)
Во најубавиот месец во годината, мај, и богатството од разновидни бои, звуци, и овошни плодови што со себе ги носи, зреат и најслатките плодови на омиленото овошје на децата – јагодите. Нашите другарчиња од групата “Ѕвездички” 3-4 год, од Матичниот објект, со директно набљудување и манипулација ги запознаваа, именуваа и опишуваа јагодите, набројуваа како најчесто ги конзумираат ( свежи плодови, во разни десерти, овошни салати, како сок итн.) Потоа родителите им го прочитаа текстот “Сонца во обравчињата на Лиле” ( пратен во прилог), и имаа за задача со вербални стимулации да ги поттикнат децата да се вклучат во дискусија за текстот, да одговараат на поставени прашања со куси и правилни реченици (со дадени насоки на родителите). На овој начин во континуитет се развива говорниот апарат и неговата функција, способноста за раскажување и изразување, како и правилната артикулација и дискриминација на гласовите, како основа за правилното изговарање на зборовите.„Ѕвездичките” со своите вредни раце продолжија да  бојат „јагоди”, кои родителите претходноги нацртаа на лист (голема благодарност до родителите за соработката).
Внимаваа да не излезат од граничната линија на контурата на јагодата, со што ги зајакнуваат вниманието и концентрацијата, ја развиваат фината моторика на дланките и прстите, и координацијата помеѓу окото и раката.
Подготвил воспитувач:
Александра Стојановска