ЗОШТО ЈОГА ЗА ДЕЦА

Првите години од животот на децата е еден од најважните периоди кога се создава основата за нивниот психо-физички и интелектуално-емотивен развој. Редовната пракса на јогата уште од најрана возраст може да им помогне на децата овој развој да го поминат на правилен, здрав и хармоничен начин.
ЦЕЛИ НА ЈОГАТА ЗА ДЕЦА
Со редовно практикување на јогата, детето ќе научи:
  • Да го слуша и да го прифати својот внатрешен свет,
  • Да ја развие сопствената интуиција што ќе му овозможи да ги открие уште во раната фаза своите потреби, потенцијали и скриени способости и да ја разбуди креативноста,
  • Да го зголеми капацитетот на паметење и да ја одржува концентрацијата при извршувањето на различни активности;
  • Со вежбите за дишење детето ќе научи правилно да дише. Преку длабокото и целосно дишење како и свесноста за самиот процес на дишењето се постигнува смиреност
  • Да одржува баланс, да ги координира движењата и активностите, да ја развие агилноста и флексибилноста;
ЕФЕКТИ И РЕЗУЛТАТИ ОД ПРАКТИКУВАЊЕ ЈОГА
  • Јогата го учи детето на самоконтрола и му помага да сфати колкава радост и задоволство произлегува од умешноста на правилен начин да управува со инстиктите и импулсите, на начин да ги трансформира во конструктивни дејствија, зголемувајќи го на тој начин чувството на припадност во група.
  • Поради заменувањето на уличната детска игра со повеќечасовно анимирање над компјутери и таблети во неправилна положба на телото, денес искривување на ‘рбетниот столб кај децата е многу честа појава.
  • Со редовно практикување на јога вежбите се корегира и одржува правилниот телесен раст и еластичност и се навикнуваат на правилно држење на телото. Вежбите се така прилагодени што може да ги изведува секое дете без разлика на физичките способности и возраст.
  • Со помош на техниките на опуштање кај децата се подобрува квалитетот на сонот, се намалува нивото на стрес, а истовремено се зголемува отпорноста на ваквите состојби и на тој начин се одржува витален имунолошкиот систем.
  • Преку вежбите за релаксација во кои повремено се воведуваат интересни приказни кај децата се поттикнува имагинацијата, а истовремено ги усвојуваат најважните човечки вредности како сомилост, несебичност, искреност итн...
  • Јогата развива позитивни чувства кај децата и креира позитивен став кон животот.
Подготвил стручен соработник по физичко воспитување:
Ѓоко Маринковиќ