ВОЗДУШЕН СООБРАЌАЈ

Крила има –птица не е,
како птица лета,
дење-ноќе мирно
низ облаците шета!
*Авион
 
Превозот на луѓе и товарни средства по воздушен пат се нарекува воздушен сообраќај. Превозни средства по воздушен пат се: авион, хеликоптер, воздушен балон, ракета и др.
Вредните дечиња од групата „Пеперутки“, од објектот „Јасмин“ (4-5години), ги утврдија стекнатите знаења за воздушниот сообраќај и ги проширија  со нови сознанија и претстави.
Децата научија дека авионите, хеликоптерите, воздушните балони, па дури и ракетите низ воздухот, високо над облаците летаат, по синото небо патуваат, се спуштаат и на земјата слетуваат.
Во текот на активноста децата беа охрабрувани за изразување на својата креативност во процесот на учење, употребувајќи разни ликовни техники и материјали за работа. Рециклираа, креираа и изработија преубави ,,Авиони“ од пластични шишиња, самолеплива хартија, колаж хартија и др.
Еве дел од изработките на децата кои неуморно работат, креираат и се забавуваат со своите родители во нивните домови!
Подготвил воспитувач:
Сања Ѓуреска