КРЕАТИВНИ ИЗРАБОТКИ ОД ГРУПАТА „ПЧЕЛИЧКИ“

За децата, темата за сообраќајот и сообраќајните средства е многу интересна и тие секогаш ја следеле со големо внимание и интерес. Истото се случи и сега во услови на домашна средина.
Децата од групата „Пчелички“ (4-5 години), од објектот „Јасмин“ со помош на своите родители, а преку дадени насоки и сопствен избор на материјали и техники, реализираа многу интересни и прекрасни активности поврзани со темата: „Сообраќајот во мојот град“.
Еве ги нивните креативни изработки за усвоените знаења од областа на сообраќајот.
Подготвил воспитувач:
Лилјана Црвенкоска