ПРИЗНАНИЈА - БИДИ И ТИ УМЕТНИК 2019-2020 г

ПРИЗНАНИЈА ОД 13-тиот МЕЃУНАРОДЕН ЛИКОВЕН НАТПРЕВАР БИДИ И ТИ УМЕТНИК” 2019-2020г.
Иако оваа година с̀е е поинаку, сепак нашата градинка се заложи сите активности максимално да ги реализира, а како резултат на тој ангажман не изостанаа благодарници, награди и признанија, особено од областа на ликовното воспитување и образование.
На конкурсот објавенза: Меѓународниот фестивал и ликовен натпревар „Биди и ти уметник”, кој веќе тринаесет години по ред традиционално се организира од страна на Центарот Јанез Левец од Љубљана и Друштвото за култура на инклузијата од Р. Словенија, нашата Установа и оваа година активно се вклучи, испрати бројни ликовни творби од децата од 4-6 годишна возраст и тоа на двете зададени теми: „Играј се со мене“ и „Нашиот свет, чиста планета“.
За најактивните, најкреативните и најуспешните, секако, организаторот подготви Признанија, кои со мало задоцнување стасаа на нашата адреса. Повелете погледнете ги.
А на наградените нека им се множат успеси!
Подготвил стручен соработник – ликовен педагог:
м-р Ана Цветкоска-Панова