И СО ВИЗИР МОЖЕШ ДА БИДЕШ КУЛ

Како да ги заштитиме децата од вирусот, а тоа да биде интересно и забавно за нив? Да бидат мотивирани да ги носат на своето лице нештата кои го чуваат нивното здравје? Во ниеден момент тоа да не им претставува пречка или непријатност додека играат и се движат, зборуваат или јадат? Да можат безбедно да имаат социјална интеракција каде и да се? Истовремено да бидат различни, единствени, а на лицето да носат уникатна изработка?
За весели дечиња, интересни визири, денес Ви нудиме идеја: во својот дом, заедно со Вашето дете да направите сами визир, од едноставни материјали, на начин кој не бара посебни постапки, вештини и умешност, а притоа истиот да заштитува, да е пријатен за носење и декориран со некој омилен лик на Вашето дете...едноставно детето да сака да го носи!
Со Вашето дете разговарајте за формата, бојата или декорацијата... мече, маче, Спајдермен, Бетмен... принцеза или лик од цртан филм, одберете заедно.
Ние за да Ви помогнеме Ви нудиме и неколку идеи, дури и како и нивните платнени капчиња, детските очила за сонце може едноставно да ги трансформирате во корисна заштита.
Покрај фотографиите со идеи еве и неколку линкови од видеа кои ќе Ви ги објаснат постапките за работа.
Подготвил стручен соработник – ликовен педагог:
м-р Ана Цветкоска-Панова