ПАЈАКОТ ПЛЕТКО

Физичката компетентност и добрата физичка кондиција, обезбедува висок степен на подготвеност за активно учество на децата во животната околина што ги опкружува. Доброто физичко здравје им дава на децата енергија и издржливост активно да учествуваат во процесот на учење. Физичкиот развој кај малите деца е неразделен од сите други аспекти на развој. За да да можат децата да се стекнат со моторички  вештини, потребно е да се зајакне нивното искуство во секојдневните моторички активности, преку вежби за: одржување на рамнотежата на телото, контрола  на деловите на телото, координирано движење, развивање на свест за своето тело и неговите можности, перцепција на просторот за движење и сл. На родителите и децата од групата „Смешко“ (2-3 години), од објектот „Јасмин“ им дадовме насоки како да ја организираат подвижната игра „Пајакот Плетко“. За подобра мотивација и воведување на децата во играта, започнаа со кратка приказна, а резултатите и задоволството се гледаат од фотографиите што ни ги испратија нашите вредни родители-учители.
ПАЈАКОТ ПЛЕТКО
Пајакот Плетко се учи пајажина да плете, а него го гледа едно љубопитно дете. Плетко конците внимателно, од едниот до другиот крај, се обидува да ги закачи, но тешко му е и малку се мачи. Затоа реши  да се одмори и да дремне, а потоа да продолжи пред да се стемни. Oдеднаш пред мрежата се појави една мува, ја виде пајажината и се зачуди, а пајакот Плетко се разбуди.  Тој веднаш потрча мувата да ја фати, но во својата недоплетена мрежа се заплетка и мувата му одлета. Сега Плетко помош за да се отплетка бара, зашто ако не дојде на време дома, мајка му ќе го кара. Љубопитното дете да му помогне реши, ја помина мрежата без да згреши.
Подготвил воспитувач:
Весна Пецева