ЗДРАВИ НАВИКИ

Здравствено хигиенските навики се многу важни, затоа уште од најрана возраст се застапени во предучилишниот процес на воспитание и образование. Во ова време кога сме загрижени за нашето здравје и насекаде се зборува за одржување на хигиената на највисоко ниво, другарчињата од групата „Ѕвездички“(3-4 год.) од објектот „Јасмин“ акцент ставија на оралното здравје при што им беше презентирана сликовницата насловена „Запчето Петко“ од Др. Милкица Моцан каде родителите најпрвин разговараа за запчињата со децата, а потоа им ја прочитаа книгата, по што децата на прашања одговараа. За крај исто така беа доста креативни и запчето Петко го презентираа низ неколку игровни активности, со што децата научија и нешто повеќе за запчињата и стоматологот, односно заболекар како лекар за заби.
Подготвил воспитувач:
Александра Балшиќевска