НАЈВКУСНОТО ОВОШЈЕ

Сега кога е сезоната на раното овошје не само што се сладиме, туку се трудиме да научиме нешто за јагодите и црешите, а децата со вредните рачиња со задоволство се потрудија да ги направат најубавите изработки на цреши и јагоди. Тоа го направија со темперни бои, хартија во боја и пластелин. Насмевките на нивните лица го покажуваат задоволството од успешно завршената работа. Иако се мали, моите „Бубамари“ (2- 3 години, од Објект: „Парк“) се успешни во својата работа, а најважно од сè, е радоста на нивните лица!
А на сите деца важна порака испраќаме:
„Деца, со сласт јадете од вкусните плодови на природата, но пред да ги вкусите измијте ги рацете и овошките... Запамтете, здравата навика, значи здрав живот!“
Подготвил воспитувач:
Адријана Станков