СО ИГРА АЈДЕ СИТЕ, ВЕСЕЛО ДА НИ МИНАТ ДНИТЕ

Сите знаеме дека физичката активност е одлична за когнитивните способности на децата, нивното т.н. академско однесување и однесувањето воопшто. Затоа, ви нудиме интересни активности што можете да ги правите на отворен простор, но и кога времето не е за прошетки и активности надвор, или треба да сме дома, па дури и ако немате многу простор за игра дома.
1. „Замрзнувачки танц“
Правилата се едноставни, танцувајте кога музиката свири, а кога „диџејот“ ќе ја запре музиката, сите треба да се „замрзнат“.
2. Одбојка со балон
Направете мрежа со помош на волна и закачете ја на два стола. Потоа надујте го балонот и почнете да вежбате серва.
3. Учење танц
Со помош на туторијали на „Јутјуб“ лесно можете да научите чекори од некој танц.
4. Вежбање со приказни
Читањето приказни не мора биде ритуал само пред легнување. Изберете книга што има збор што често се повторува. На пример, изберете го зборот „чизми“ ако ја читате „Мачорот во чизми“. Секој пат кога ќе го прочитате зборот, вашето дете мора да скокне високо.
5. Фудбал во ходникот
Не ви треба двор за фудбал. Поставете мрежа на спротивните краеви од ходникот и лента на подот. Откако ќе се поделите во тимови, земете мало пластично топче и почнете да играте.
6. Хулахоп
Играјте со хулахоп, меѓутоа, гледајте да не бидете премногу блиску до мебелот или до нешто кршливо. Обидете се да го вртите додека одите наназад или да го вртите околу вашата рака или зглоб.
7. Хокеј со метла
Слично како фудбалот во ходникот, искористете лента за мрежа. Поделете се во тимови и обезбедете метла за секој играч. Играјте со мало тениско топче.
8. Направете лавиринт
Направете лавиринт од вашиот ходник со помош на конец, а потоа предизвикајте го вашето дете да поминува низ лавиринтот без да го допре.
11. Станици за активност
Станиците за активност се забавен начин за игра со вашите деца: едната нека биде ползење низ јаже, а другата скокање како зајаче. Поставете тајмер, а потоа ротирајте ги станиците.
Подготвил педагог:
м-р Катерина Бутлеска Илиќ