ВОЛШЕБНА КУТИЈА

Денес заедно со вашето дете време е да ја изработите волшебната кутија. Потребна ви е една картонска кутија на која ќе направите кружни отвори за рацете, предмети кои му се познати на вашето дете и играта може да започне. Без да гледа детето  допира одреден предмет и се обидува да открие за кој предмет станува збор (покрај стимулација на говорот, збогатување на речникот имаме и тактилна стимулација - развој на сетилото за допир). Извлечениот предмет може накратко да го опише и да каже зошто ни служи истиот.
Пример: Јас го извлеков чешелот. Со чешелот ја чешламе косата. Ајде да ти покажам како.
Зборувајте и опишувајте се што правите. Децата сакаат да го слушаат вашиот глас.
Подготвил Клинички логопед специјалист:
Анета Конеска Ѓорѓев