СОНЦЕ ВО ОБРАВЧИЊАТА НА ЛИЛЕ - АКТИВНОСТ НА ЗООМ ПЛАТФОРМА

Како многу воспитувачи и наставници ширум светот, како воспитен кадар се соочивме „Лице в лице“ со учењето на далечина преку интернет. Учењето на далечина е новина која пристигна и кај нас. Контактот на учителката и децата при усвојување на разни содржини, истражување и слично е незаменлив, но во услови на пандемија учењето на далечина стана единствена опција за да се одржи контакт со децата.  Сепак она што се забележува е тоа дека децата покажаа оргомен интерес за учество во виртуелните средби на интернет преку разни апликации. Секако соработката со родителите е обавезна бидејќи без нивна помош не би се постигнал саканиот ефект. Улогата која ја превземаат е од неспоредливно значење за развојот на децата.
А што сакаат децата?
Децата од воспитната група „Авиончиња“ секоја недела во одреден ден се среќаваат со својата учителка на интернет. Во текот на средбата работиме содржини од Програмата за рано учење и развој. Учеството на ЗООМ средбите особено ме радува бидејќи ја гледам среќата во нивните очи кога ќе се видат со своите другарчиња. Виртуелната комуникација ви дава основа за фидбек на задачите кои треба да ги направат и дома. Она што особено е значајно за децата е да добијат брз одговор за успешно завршената работа дома. На почетокот од средбата секое дете споделува како ја завршило својата „домашна задача“. Од големо значење е да ја пофалите работата на детето дома, така им пренесувате дека мислите на нив додек сте дома.
Потоа споделувањето на екранот е особено интересен за нив. Така се покрива делот кој во воспитно-образовната работа е од особено значење, а тоа се нагледните средства. Во текот на тие 30 до 40 минути, воспитувачот мора да е апсолутно подготвен за да ги анимира децата. Кусите презентации со слики и разни задачи преку прашања или погодувања кај децата предизвикуваат мотивација за учење на нови работи и фокусирање на вниманието. Можете да направите куса работилница.Од важно значење е истотака што децата се учат да чекаат ред за збор и со  внимание го чекаат соговорникот да заврши со разговорот - за да почне друг. Истовремено се слободни и се отвараат да ви раскажат некоја случка, состојба, чувство или слично.
Воспитувачи – контактот со децата во услови на пандемија е многу важен. Никогаш незнаете колку сте му на детето потребни. Иако е во семејна и домашна атмосфера, воспитувачот честопати може да преставува посигурна основа за менталното здравје на некои деца. Им праќате порака дека сте пријатели кои меѓусебно се грижат едни за други.
Родители - Искористете ја моќта на интернетот се приближуваме до природниот интерес на детето за виртуелен свет. На тој начин ја држите и контролата од прекумерно и непродуктивно користење на интернетот.
Еве пример од една средба на ЗООМ со децата од група „Авиончиња“ 4-6 години Матичен објект. Работевме на тема – Обработка на расказ по серија слики „Сонце во обравчињата на Лиле“ од О.Синадиновска.
Подготвил воспитувач:
м-р Сања Алексоска