АКТИВНОСТИ ЗА СОЦИЈАЛНА ДИСТАНЦА

Социјално дистанцирање, што е тоа? Ова е точно тоа што сите го спомнуваат веќе неколку месеци наназад. Во последните неколку месеци, сите се запознавме со овој термин. Социјалната дистанца не е воопшто интересна и на некои од нас и возрасни и деца ни е многу тешка. Сите сме навикнати да бидеме активни надвор од своите домови. Но сега ситуацијата ни налага нешто друго, службите за контрола на болести постојано не советуваат да се откажеме од јавни активности и да држиме социјална дистанца. Сега важно е не само сопственото здравје, туку и повеќе од тоа, а тоа е да ги чуваме и да се грижиме за сите околу нас. Соочени сме пред силен предизвик во кој треба да ја направиме вистинската работа како возрасни, за оние кои сметаат на нас.
Активности за социјална дистанца во затворен простор:
1. Преуредете го мебелот во дневната соба за да направите „мала арена“ за гимнастика.
- Варијанта 1 - можете да поставите и перници па да ги скока детето со двете нозе заедно, раскажете при тоа соодветна приказна која прва ќе ви падне на ум;
 - Варијанта 2 - зависно од содржината на приказната може да употребите балони наместо перници;
2. Изградете планини од прекривки
Интересна активност на градење на тврдина или замок од ќебиња, столчиња перници и подвижен мебел. Во текот на дистанцирањето правиме и некои работи кои обично не ги правиме често. Обезбедете му на вашето дете да се почувствува емотивно згрижено. Читајте приказна на тивко светло од некоја ламба и седете со вашето дете во неговиот замок.
Подготвил социјален работник:
Марија Стојчевска