СЛАТКИТЕ СПОМЕНИ НА НАШИТЕ МАЛИ ПЕПЕРУТКИ

И ова лето мириса на море, забава, детска игра, плажа, планини вишни, но во нашите мисли скришни! Летото е годишно време создадено за игра, плажа, највкусниот детски коктел, најубавите ноќи, опијанети од морската сол, најубавите пејзажи кои природата со својата магична четка ги слика во нашите очи. Секое лето, дворовите на нашите градинки се исполнети со детска игра и џагор како и омилените детски песни. Ова лето не е како другите лета, сепак во различноста е убавината!
Децата од групата „Пеперутки“ од 4-5 години, од нашиот објект „Парк“ со задоволство се сетија на своите летни одмори и споделија прекрасни фотографии од летување на море, планина, езеро итн.
Слатките спомени нека ни ја хранат душата, а ова лето можеме да го поминеме истражувајќи ја нашата мала, но волшебна земја, има што да се види и да се научи од неа. Прифатете ги предизвиците кои Ви ги нуди таа! Во прилог Ви испраќам и стихови посветени на нашата земја.
 
Посветена на една земја
 
Оваа земја е капка во океанот,
капка солза која најмногу свети.
Оваа земја е ткаено парче,
исконска  убавина ќе ти вети.
 
Истражи ја, запознај ја,
Таа убавина како мајка раѓа.
Сакај ја, чувај ја,
има светлина на ѕвезда што паѓа!
Подготвил (текст и стихови) воспитувач:
Емилија Стојкова
Сите фотографии можете да ги погледнете тука: