СРЕЌНИ БУБАМАРЧИЊА - НАШИ ИДНИ ПРВАЧИЊА!

Почитувани родители на нашите „Бубамари“ од објектот Јасмин,
Поради целата ситуација која ни се случи во нашата земја, немавме можност да одржиме завршна приредба и на свечена начин, како што тоа го правиме со генерации, да ги испратиме нашите идни првачиња. Затоа пак, со Ваша помош успеавме да направиме една online приредба каде на секое дете му дадовме по два стиха да ги изрецитира, а Вие родителите бевте нивни режисери со тоа што ги снимавте и ни ги пративте на нас. Од сите тие видеа и фотографиите настанати преку изминатата година направивме едно мало видео како завршна приредба.
Се надевам ќе Ви се допадне нашата креација.
Имајте среќни и незаборавни мигови со Вашите дечиња.
А на нашите Бубамари - СРЕЌНО ПРВАЧИЊА!
Подготвил воспитувач:
Александра Миладинова