НОВИ ИГРИ ВО ДВОРОТ ВЕ ОЧЕКУВААТ

Додека Вие, наши дечиња, сега седите дома со Вашите родители, нашите вредни Учителки, во текот на овој месец, ги подготвуваат дворовите на градинката со сосема нови и интересни содржини за игри и рекреација. Засега погледнете како изгледаат првите скици и креации и за истите. А кога ќе дојдете во градинка, сите заедно ќе играме, ќе скокаме и ќе се рекреираме. Ќе се забавуваме на веселите полжавчиња, стоногалки, жапчиња, ракети и многу други разнобојни форми. А воедно ќе учиме да броиме и да вежбаме букви... и уште многу нешта, но нека биде изненадување!
Директор:
Ружица Биџовска
Сите фотографии можете да ги погледнете тука: