ИГРАМЕ – СЕ НАТПРЕВАРУВАМЕ

Во период во кој ни се трошат идеите за игри и времето не мами надвор, ќе Ви предложам игра со која ќе се забавува целото семејство погодна е за играње и надвор и во домашни услови и безбедна за играње со другарчиња на растојанието кое е потребно за да одржува безбедноста.
Бројот на учесници не е ограничен, но за да биде забавно потребно е да не се помалку од  3 и не повеќе од 10 учесници.
За ова игра се потребни пластични чаши бојата е по избор, бројот на чаши по учесник да не е поголем од 20 чаши.
Правила на игра - Секој учесник добива по 20 чаши (или за колку и да се одлучите), од кои првата е во различна боја, за да означува од каде почнуваме, целта е најбрзо што можете земајќи од последната чаша и ставајки врз првата уште еднаш да стигнете до првата чаша, победник е тој што прв ќе ги пререди чашите.
Пријатна забава
Подготвил специјален едукатор-рехабилитатор:
Емина Стојкова