ЈАБОЛЧИЊА-ДЕЧИЊА - СТАСАА ЗА ПРВАЧИЊА!

За моите Јаболчиња
Јаболчиња - дечиња
Со црвени обравчиња
Во градинка одеа
За раце се водеа.
Учителки со насмевка
На лицата сјајни,
Им дадоа на децата
љубов и знаења трајни.
Јаболчињата раснеа
Со љубов и смеа,
Со игри и радости,
Со детски песни.
Некои од нив
За училиште стасаа,
Некои сеуште
Јаболкницата ќе ја красат.
Јаболчиња мои
Патот светол да Ви биде.
Многу среќа и успех
Во животот што Ви иде!
Разделбата е почеток
За нашите срца.
Јаболкницата е тука
Штом срцето за спомени
Мирно ќе Ви чука!
 
Благодарност на сите родители и деца од групата „Јаболчиња“ од Објектот „Парк“. Воедно нека им е со среќа на идните првачиња!
Подготвил воспитувач: Благица Чаневска
Во соработка со родител: Александар Насков