ДОБРЕДОЈДЕ ЛЕТО!

Родителите и децата од групата Бубамари (5-6 години) од објект „Јасмин“ весели и креативни го пречекаа летото. Разнобојните летни мотиви им беа инспирација и истите ги пресликаа во ликовни творби со користење на разновидни ликовни техники и нивни комбинации. Овие ликовни дела на големите и мали уметници содржат и детали изработени со користење на разни семиња, тестенини, оригами... Ова потврдува дека креативноста не познава граници!
Подготвил воспитувач:
Александра Миладинова