ПОФАЛНИЦИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД НАШАТА ГРАДИНКА

ПОФАЛНИЦИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ КОИ УСПЕШНО ГИ ИЗВРШУВАА ЗАДАЧИТЕ ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ
Денес на 10.07.2020 година Градоначалникот на Општина Центар, г-дин Саша Богдановиќ, како и секоја година, ги додели пофалниците на вработените кои беа најпосветени и најактивни во изминатиот период.
Оваа година од нашата градинка пофалени и наградени се: социјалниот работник Марија Стојчевска, ликовниот педагог м-р Ана Цветкоска-Панова и административниот работник Златко Бондиков.
Градоначалникот им се обрати и им честита на присутните со следните зборови:
„Честитки за наградените, им порачувам да продолжат со пожртвуваната и несебична работа и им посакувам уште многу други вакви успеси и уште многу достигнувања во понатамошната кариера. Грижата за децата е наш врвен приоритет.“
Ние, пак, на Градоначалникот му благодариме за вниманието и големата подршка, кои се воедно поттик и мотивација за понатамошна успешна работа и соработка.