ВЕРВЕРИЧКИ ВРЕДНИЧКИ - ПОРАСНАА ЗА КЛУПИ УЧЕНИЧКИ

Завршна приредба, група „Верверички“, објект Јасмин, 2020 г.

ОДА НА ДЕТСТВОТО

Една мудрост вака учи:
- Човек - тоа гордо звучи!

Ти чекориш, дете - браво,
биди среќно, гордо, здраво
расни, вишнеј, в љубов цветај,
ко славејче пеј и летај!
Расти в јаве и во сонот,
во ливада, крај бетонот...
Но запомни: кај и да си,
добра мисла да те краси !
Зашто ти си иден човек,
памети го тоа довек!

Ај, секому дај му рака,
сакај го, да те сака,
помагај колку е можно,
со секој живеј сложно!

Стихови: Киро Донев

Децата од групата „Верверички“, идните првачиња, се поздравија со градинката „13 Ноември“ и нивниот објект „Јасмин“, но секако и со учителките Васка и Менче, преку онлајн приредба.

Благодарност до родителите за соработката.
Посебна благодарност за Ајсел и Срџан Амет, родителите на Велија, за техничката поддршка.

СРЕЌНО ПРВАЧИЊА!