Нашите пеперутки полетаа и на училиште долетаа

Драги наши деца и почитувани родители. Како финале на нашата прекрасна дружба изминатите години ви подаруваме подарок,кој сите Вие со нетрпение заслужено го очекувате. Тоа е резултат на заложбите на нашите деца кои беа неуморни, љубопитни и полни со желба за стекнување на нови знаења. Оваа приредба е нашето збогување од градинката и почеток на Вашето ново животно патување, кога ќе станете првачиња.
На нас учителките, ни преставува огромно задоволство што бевме сведоци на Вашето среќно детство. Бидете среќни и засекогаш сочувајте ја детската искрена насмевка на Вашето лице.
Среќно!
 
Посвета за нашите деца
Ви посакуваме
Кога ќе пораснете небото да го дофатите
Ѕвездената прашина да ја допрете
И со неа секаде да одите.
Да уживате во животот што ќе го водите.
Да ја задржите детската насмевка на лицето Ваше,
А понекогаш кога ќе ја изгубите
Подајте рака и ќе ја пронајдете.
Бидете големи и чесни луѓе
Сите да Ве почитуваат
И да Ви се восхитуваат.
Ви посакуваме секогаш срцето и разумот да Ве води,
Да го видите светот,
Да запознаете добри и среќни луѓе,
Да станете добри родители на своите деца,
Да им ги пренесете Вашите искуства и вашата среќа.
Ви посакуваме со целото наше срце
Да подарите на сите љубов и крила,
Да се фатите за раце цврсто,
Да се гушнете во овој момент силно,
Да се погледнете со Вашите очи милно
И да ги понесете спомените на Вашето детсво
Од Вашата градинка КУКУШКА
 
Со љубов од Вашите учителки Весна и Оле
 
Воспитувач: Весна Спасова
Негувател: Оливера Кировска
Група: Пеперутки
Објект: Кукушка