ВИНОЖИТО ПОСВЕТЕНО НА НАШИТЕ ДЕЦА!

ВИНОЖИТО
 
На небото вишно
ВИНОЖИТО светна,
Во илјада нијанси и бои
Таа светлина во градинката наша,
Детски насмевки скрои!
 
Виножитото плетеше
Денови безброј
Полни со плач и смеа
Знаења, радост и игри лесни,
Највесели детски песни
 
Виножито во илјада бои:
- Покажи им го патот на децата мои,
Залеј ги со твоите бои
среќа и радост за нив кроии!
 
Остани засекогаш ВИНОЖИТО наше
Сеќавајте се деца на детството ВАШЕ!
 
Подготвил воспитувач: Анета Ивановска