ОГЛАСНА ТАБЛА

Почитувани родители,
Во прилог е Заклучок на Владата донесен на 21та седница одржана на 21.03.2020 год, според кој сите донесени заклучоци на Владата со кои се даваат мерки, препораки и насоки важат до завршување на периодот на постоење на вонредна сосотојба на територијата на Република Северна Македонија.
Според тоа, нашата градинка продолжува со издавање на потврдите со важност до "завршување на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија".
За да Ви ги доставиме, потребно е да пратите Барање кое ќе го испратите на следната меил адреса: judgoc13noemvri@gmail.com 
На вашето барање задолжително доставете ги следниве податоци:
1. Име и презимеи возраст на детето:
2. Име и презиме и матичен број на родителот:
3.Објект во кој детето посетува градинка:
Потврдите ќе се издаваат исклучиво електронски.
Истотака Ве молиме за трпение, бидејки сите кои ќе поднесат Барање ќе им бидат доставени потврдите по меил, но сепак треба да имате разбирање дека истите треба од наша страна да се подготват, заверат, за да бидат валидни!

ВАЖНА НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ДО РОДИТЕЛИТЕ ❗❗❗
  Почитувани родители !
Со оглед на тоа дека се јави потреба за давање на потврди за престој во градинка на вашите деца и пред завршување на мерките, а по известување на МТСП, Ве информираме дека потврдите ќе се издаваат 
утре (петок) 13.03.2020 г. и (понеделник) 16.03.2020 г., од 09.00ч - 13.00ч во сите објекти на градинката.
СЛЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ИНСТРУКЦИИ КОИ НИ ПРИСТИГНУВААТ ОФИЦИЈАЛНО ОД НАШЕТО МИНИСТЕРСТВО И ЗА СЕКОЈА НОВА ПРОМЕНА ЌЕ БИДЕТЕ БЛАГОВРЕМЕНО ИЗВЕСТЕНИ!
Ви благодариме на вашето разбирање
СО ПОЧИТ
ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“

Почитувани родители и соработници
ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“,
Ве известува дека од 11.03.2020 година (среда) ќе го прекине воспитно - образовниот процес,
како дел од мерките и активностите за превенција од ширењето на корона вирус.
Мерката е со траење од 14 дена, согласно со Одлуката на Владата на РСМ, а по препорака на комисијата за заразни болести.
Со почит,
ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“