УПИС/ИСПИС НА ДЕЦА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ УПИС/ИСПИС НА ДЕЦА
 
Почитувани родители, како една од превентивните мерки за заштита на здравјето, и овозможување на безконтактна административна услуга, нашата градинка ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ – Скопје воведува нова постапка за електронско поднесување на барања за:
  • електронско запишување (аплицирање) за нови деца во нашата установа;
  • отпишување на деца кои во моментот се запишани;
  • како и издавање на потврди и други документи поврзани со престојот на децата.
 
Барањата треба да го испрати родител/старател на детето и тоа на следната меил адреса: upis@13noemvri.mk
 
Потребни податоци при поднесување на барањето за упис се следните:
1. Податоци за детето:        
Име и презиме
ЕМБГ на детето
2. Податоци за родителот/старател:
Личните карти на двата родитела (скенирани)
Контакт телефон
* При поднесување на барање за упис потребно е родителот/старателот да посочи во кој Објект во рамките на нашата установа планира да го запише своето дете.
 
Потребни податоци при поднесување на барањето за испис се следните:
1. Податоци за детето:        
Име и презиме
ЕМБГ на детето
Во кој објект и воспитна група е запишано
Како и подмирени сите обврски кон градинката
 
Потребни податоци при поднесување на барањето за други потврди и документи:
  1. Податоци за родителот/старател;
  2. Податоци за детето:            
Име и презиме
ЕМБГ на детето
Во кој објект и воспитна група е запишано
 
  1. Вид на потврда/документ кој го бара.
 
Откако нашата институцијата ќе го добиe барањето, по проверката на податоците и ќе го контактира барателот телефонски или со повратен меил.
Ви благодариме.