СООПШТЕНИЕ ЗА РОДИТЕЛИ

Почитувани родители,
Ве известуваме дека нашата градинка постапува соодветно мерките и насоките од надлежните органи.Сите оние кои имаат потреба од згрижување на децата во градинка треба навремено (во утврдениот рок и термини) да достават потврди одработодавачот, и тоа за ДВАЈЦАТА РОДИТЕЛИ ДЕКА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА ГИ ИЗВРШУВААТ НА РАБОТНОТО МЕСТО, БЕЗ МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ОД ДОМА. Доколку сте самохран родител се доставува една потврда.
Потврдите треба да се достават во објектот каде вашето дете посетува градинка, од 17 до 21 август во период од 09 до 12 часот.
Дополнителните документи ќе ги потполнат во градинката (изјава и приложени платени сметки).
При влегување во просториите на градинката задолжително е носење на маска на устата и носот, дезинфицирање на рацете и почитување на сите останати мерки и препораки.
Ве молиме да ги почитувате нашите насоки, бидејки сите заедно градиме здрава и безбедна средина за сите деца!
Со почит ЈУДГ ОЦ „13 Ноември“ - Скопје