МАЛИТЕ ДЕЛФИНИ - ИДНИ ПРВАЧИЊА

Видеото е посветено на нашите „Делфини“, идните првачиња на кои им посакуваме успешни и среќни училишни денови.

 

Времето во градинка како птица лета,

другарство и љубов насекаде цвета.

Да си имаш другарче гордост е и чест,

денес ќе ви соопштам најубава вест.

Итам, брзам кон училиште, во утрина рана,

зошто и јас веќе прваче ќе станам.

Првачиња вредни ќе бидеме ние,

со нас горди, ќе бидете Вие!

 

Благодарност до родителите за долгогодишната взаемна соработка и убавите мигови споделени заедно со нашите мили „Делфини“.

 

Воспитувач: Анета Штербинска

Негователка: Мелита Петрушевска