МАЛИТЕ КОЛАЧИЊА, ПОРАСНАА ВО ПРВАЧИЊА

Завршна приредба на децата од група „Авиончиња“ како спомен за прекрасните денови поминати во градинка.

 

Група „Авиончиња“ си бевте, безгрижни во лет

Во градинката ваша откривте цел еден свет.

Таа беше место

каде растевте и игравте многу често!

Учевте песни разни,

и слушавте безброј приказни.

Тука ги стекнавте знаењата важни,

сите денови  беа весели никогаш тажни!

Сега училишното ѕвонче вас ве вика,

срцето ви трепери и од радост блика!

 

И сега кога велите „Збогум“ на градинката мила,

никогаш не заборавајте, колку за вас важна била!

Сеќавајте се на деновите поминати во неа

на учителките ваши, колку грижливи беа,

на  другарската љубов и безгрижна смеа!

 

Многу успешни чекори ви посакуваат вашите учителки:

Воспитувач: Сања Алексоска

Негувател: Габриела Стојановска

Ви благодариме на довербата и соработката!