Пеперутките наши мили од градинката се збогуваа

Пеперутките наши мили од градинката се збогуваа, раширија крилја, полетаа и во училишниот двор долетаа!

 

Кога прв пат за рачиња се фатија, беа многу мали „Пеперутките“ смели и за вистинско другарствоги отворија своите срца врели.

Низ годините многу вредно учеа, твореа и создаваа и секогаш меѓусебно си помагаа.

Годините им минаа во игра и песна и секоја поставена задача им беше лесна.

На есен вредни првачиња ќе бидат, да го осознаат подобро светот во кој ќе бидат.

Градинката достоинствено ќе ги испрати, секогаш со гордост на нив ќе се сеќава, за нивните успеси нема да се сомнева, затоа што бескрајно им верува!

 

СРЕЌНО ИДНИ ПРВАЧИЊА!!!

Благодарност од срце на родителите за соработката во изминатите години!