СРЕЌНО ИДНИ ПРВАЧИЊА!

Драги наши деца и почитувани родители од нашата малечка Кукушка. Како финале на нашата прекрасна дружба изминатите години ви подаруваме подарок, кој сите вие со нетрпение заслужено  го очекувате. Тоа е резултат на заложбите на нашите деца кои беа неуморни, љубопитни и полни со желба за стекнување на нови знаења. Оваа приредба е нашето збогување од градинката и почеток на вашето ново животно патување, кога ќе станете првачиња.
На нас учителките, ни преставува огромно задоволство што бевме сведоци на вашето среќно детство. Бидете среќни и засекогаш сочувајте ја  детската искрена насмевка на вашето лице.
Среќно!
 
ПОСВЕТА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА
 
Ви посакуваме:
Кога ќе пораснете небото да го дофатите
Ѕвездената прашина да ја допрете
И со неа секаде да одите
Да уживате во животот што ќе го водите.
Да ја задржите детската насмевка на лицето ваше
А понекогаш кога ќе ја изгубите
Подајте рака и ќе ја пронајдете.
Бидете големи и чесни луѓе
Сите да ве почитуваат
И да ви се восхитуваат.
Ви посакуваме секогаш срцето и разумот да ве води
Да го видите светот
Да запознаете добри и среќни луѓе
Да станете добри родители на своите деца
Да им ги пренесете вашите искуства и вашата среќа.
Ви посакуваме со целото наше срце
Да подарите на сите љубов и крила.
Да се фатите за раце цврсто
Да се гушнете во овој момент силно
Да се погледнете со вашите очи милно.
И да ги понесете  спомените на вашето детсво
 Од вашата градинка КУКУШКА!!!
 
Со љубов од вашите учителки Весна и Оле
 
Воспитувач: Весна Спасова
Негувател: Оливера Кировска
Група: Пеперутки
Објект: Кукушка