Стручно усовршување на кадарот на градинката

Стручното и перманентното дообразување, како и подршката на професионалниот развој на стручниот и воспитно-згрижувачкиот кадар претставува континуиран, перманентен и сериозен процес на кој веќе години наназад градинката посветува големо внимание.

Како и секоја година така и оваа година за време на летниот период Стручниот совет и Советот на воспитувачи прави подготовки, планира активности и проекти за наредната програмска година. Работните состаноци се одржуваат на отворен простор каде во работни групи се дискутира, се разменуваат идеи и предлози, се со цел да се донесат конструктивни решенија. На работната средба која неодамна се реализира, пред се се обрна внимание на: следење на промените во научната педагошко-психолошка теорија и пракса, следење на иновациите, користење на современи методи, форми и средства во работата и создавање на услови за примена на истите, внесување на нови содржини и проектни активности во работата со децата.