КОЈ Е ПОБРЗ?

Во нашата градинка во дворовите, во летниот период и на голема радост на децата, секогаш кога дозволуваат временските услови, се организираат летни игри и активности на отворено. Еве една активност организирана во дворот на Матичниот објект, а тоа е играта: „Брзите келнери“. Освен што е забавна и предизвикува многу позитивни емоции, радост и смеа, преку неа децата вежбаат носење на товар, ја усовршуваат координацијата око-рака и контролата на дланките и прстите, ја подобруваат рамнотежата, го развиваат фокусираното внимание, го градат навивачкиот и натпреварувачкиот дух, а пред се воспоставуваат меѓусебна интеракција со другарчињата, се гордеат на своите постигнувања и веруваат во своите можности.