УСПЕШНИ ЖЕНИ ПОМЕЃУ НАС

Жените се силни, жените се храбри, жените можат повеќе отколку што се очекува! На 5-ти март по улиците на нашиот главен град се оддржа „8-мо мартовско рели # женското рели 2023“, настан во организација на АФСМ, по повод 8-ми Март, светскиот ден на жената. На истиот настан Даниела Тренчевска, вработена во нашата установа се закити со второ место во категорија 4, возила над 2000 cc.

Честито Дани, догодина ти посакуваме прво место! А на сите останати припаднички на понежниот пол им го честитаме 8-ми Март.