15-ТИ МАЈ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО

15-ТИ МАЈ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО,

ОДБЕЛЕЖАН ВО НАШАТА ГРАДИНКА

Семејството е како гранките на дрвото, некои се големи, а некои мали и сите тие растат во различни правци, но корењата секогаш остануваат во едно. Семејството е главниот столб на секој поединец, место каде што животот започнува, се развива и расте, се негува.

По повод 15-ти мај меѓународниот ден на семејството, децата од големата група на објектот „Јасмин“, заедно со своите семејства беа учесници на една интересна работилница, насловена како: „Големи и мали“. Сите заедно направија вкусни крофни и вафли, а потоа секој си доби по една книга.

Целата на оваа работилница беше да се потсетиме дека семејството е еден сиџир од големи и мали луѓе без кое не може да функционира.

Нашата порака е: Сакај го своето семејство, бори се за него, затоа што тоа е најважната работа во светот!

 

Социјален работник: Марија Стојчевска

Воспитувач: Даниела Раичковиќ