ДЕЦАТА И ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК

Успешно завршен почетниот курс по италијански јазик кој за првпат во нашата држава се организира за деца од предучилишна возраст, и тоа токму кај нас, како партнер во проектот „Нови контексти за италијанскиот јазик во Р.С. Македонија“. Курсот се реализира од страна на Институтот Данте Алигиери - Скопје, а проектот е подржан и финансиран од Здружението Данте Алигиери од Рим.

На децата, нашите идни првачиња кои го посетуваа курсот, им беа доделени сертификати и подароци, а установата оваа програмска година стекна многу придобивки, пред се меѓународна афирмација и тоа во пресрет на 30-годишнината на билатералната соработка помеѓу двете држави.