ЗИМСКАТА ПЕШТЕРА НА МАЛОТО МЕЧЕ

Децата од групата Пчелички на возраст од 2-4 години, од објектот Кукушка, земаа учество во креативната активност на тема: „Зимската пештера на малото мече“. Потоа креираа Мече од готови исечени форми од колаж хартија.
Целта на активноста беше да се поттикнат способностите на децата за обликување на едноставни форми, поттикнување на самостојноста, мотивираноста и креативноста. Истовремено кај децата се проширија сознанијата за основните фактори и услови за опстојувањето на шумските животни-мечки во нивната природна средина и живеалишта.