ЧЕСТИТКА ЗА МАМА

Децата од групата „Пчелички“ на возраст од 2-4 години од објектот Кукушка, во пресрет на Меѓународниот ден на жената, земаа учество во креативната активност на тема: „Честитка за мама“. Од креативни материјали изработија честитки кои ќе ги подарат на нивните мајки за празникот 8ми Март.
Целта на оваа активност беше да се поттикнат способностите за обликување на едноставни форми и облици, поттикнување на самостојноста во користење на различен ликовен и неликовен материјал. Истовремено кај децата се негуваше позитивен емоционален однос кон мајката, чувство на припадност и меѓусебна доверба.