8МИ МАРТ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЖЕНАТА
Пет, 08/3/2024
Децата од групата „Пеперутки“ на возраст од 4-6 години од објектот Кукушка земаа активно учество во одбележување на Меѓународниот ден на жената 8ми Март, во Детскиот културен центар Карпош. Децата ја разгледаа изложбата на детски творби и честитки на тема Играм и пеам за мојата мајка. Го проследија и обраќањето на гостинка - жена, мајка, сопруга која подетално им раскажа за својата професија ЗОО - негователка а потоа се преставија на присутните гости и деца со рецитал за мајката. На крајот донираа сликовници за градските Улични библиотеки.
Целта на оваа активност беше поттикнување на позитивен емоционален однос кон мајката и развивање на осетливоста за чувствата на другите луѓе (емпатија) преку разбирање на нивните емоционални состојби.