1, 2, 3 ВЕЛИГДЕНСКА МАТЕМАТИЧКА ИГРА

Децата од група „Цветчиња” на возраст од 5-6 години од објектот Јасмин, имаа активност која ја насловивме „Велигденска математичка игра со броеви”. На активноста децата броеа колку велигденски јајца има во велигденските кошнички. Притоа, заедно формиравме и множества од велигденски апликации: пилиња, зајчиња и јајца, а потоа ги украсувавме велигденските кошнички. Цели на оваа активност беа да ги поттикнеме менталните процеси и математичко-логичко мислење кај децата и да ги развиеме нивните способности за примена на броевите во игра и низ игра. При изведување на активноста кај децата беше особено видливо празничното расположение, а истовремено децата покажаа голема умешност и познавање во работата со броевите.