МОЈОТ БРОД ПЛОВИ

Децата од група „Бубамара“ од објект Јасмин на возраст 5-6 години се воведоа и запознаа со карактеристиките на „Водениот сообраќај“ преку нагледни средства и разговор. Во библиотениот центар децата разгледуваа сликовници на тема „Сообраќај“ и споделуваа со своите другарчиња искуства за водениот сообраќај кога биле на летување, кој со што патувал брод, чамец, глисер и сл. Потоа во уметничкиот центар децата преку техниката превиткување оригами направија „Бродчиња“. Децата покажаа интерес и истрајност кон активноста и активно се вклучија до самиот крај.
Целта на активноста е децата да ги збогатат своите искуства и знаења за водениот сообраќај, да се потикне нивната љубопитност и креативност и да се развиваат комуникативни вештини со своите врсници и возрасните.