ОП, ОП СТОП

Децата од групата „Пчелички“ од објект Јасмин на возраст од 3-4 години, преку разговор и нагледни средства се воведоа во темата „Сообраќај“. Споделија нивни искуства како се движат како пешаци, со што патуваат на подалечни места, на што внимаваат кога се движат по улица и сл. Потоа преку игра се запознаа со основните правилата во сообраќајот (возеа автомобили, пропуштаа пешаци, застануваа на семафор, на пешачки премин и сл.). Активностите ги завршивме со читање на сликовницата „Оп, оп-стоп“.
Цели: да се создадат основни претстави од областа на сообраќајната култура и современата техника и технологија на комуникацијата, да се развиваат перцептивните способности на децата, да се поттикнува флексибилно и дивергентно мислење и поглед на користењето и комбинирањето на расположливите ресурси (средства) во истражувањето на околината, да се поттикнува да учествува во разрешување на животните проблемски ситуации.