СЕМАФОР СО ТРИ БОИ, НА УЛИЦА СТОИ
Пет, 10/5/2024
Објект - Јасмин
Група – Смешко, 2-3 години
- колективна изработка со апликација на готови кружни форми
Цели:
- Да се поттикне интересот кон запознавање на различни ликовни материјали, вештина и спретност при користење на лепак и хартија;
- Да се оспособат за разликување на бои и форми;
- Да се развива способноста за воочување и препознавање на боите на семафорот;
- Да се поттикнува спосбност за повторување на слушнати зборови;
- Да се вклучуваат во заеднички активности во помали групи и меѓусебна соработка;
- Да се гордеат со своите постигнувања;
- Да се развиваат основите на сообраќајната култура и безбедност во сообраќајот;
- Да се поттикнува прецизност и истрајност во работата.
