ЦРВЕНИ ЈАГОДИ

Децата од групата Медени Мечиња на возраст од 2-3 години од објектот Јасмин, се запознаа со раното овошје - јагоди. Преку набљудување, игра и разговор ги именуваа, опишуваа и на крај слатко си каснаа од јагодите. Активноста ја завршивме со подвижната игра: „Собираме јагоди од градината“.
Целите на денешната активност се: да се стекнуваат знаења и способности за препознавање и именување на раното овошје – јагоди, развивање на визуелната перцепција кај децата, развивање на културно-хигиенски навики, развивање на здрави навики во исхраната, да се оспособува детето да ги користи моторичките вештини за движење за да ја постигне посакуваната цел.