КАЧИ СЕ ПО РЕД
Децата од група „Ѕвездички” на возраст од 3-4 години од објект Јасмин изведуваа вежби за качување и симнување по скали низ играта „Качи се по ред“.
Преку куса прошетка до блиската крстосница, децата ги проширија своите знаења за сообраќајот и одблиску го видоа автобусот (големина, изглед и сл). Потоа во дворот на градинката направија вежби за загревање на детското тело и потоа и вежби за качување и симнување преку играта „Качи се по ред“. Активноста заврши со игри со автобуси на сообраќајниот килим.
Целите на оваа активност се: да се стекнуваат знаења за средината и опкржувањето преку конкретно набљудување и манипулирање, да се охрабри во обидите да ги усоврши природните движења качување – симнување, да се поттикнува кон развивање контрола и координација при организирано одење.
