ДОНАЦИЈА ОД ЗЕГИН ЗА НАЈМАЛИТЕ ОД ОБЈЕКТ ПАРК
Вто, 14/5/2024
Зегин, како општествено одговорна компанија, се грижи за своите потрошувачи, за децата од најмала возраст. За таа цел, во договор со директорката Ружица Биџовска, денес во посета на градинката „13 Ноември“ – објект Парк, беа претставници на Зегин. На средбата беа донирани пакет-производи кои негователките ќе ги проследат до родителите на секое дете кое посетува јасли во овој објект. Оваа донација е замислена да ги доближи до родителите производите од програмата Sleepy и козметичките препарати од брендот Freziderm, како брендови со врвен квалитет и многу достапна цена. Соработка на нашата установа и Зегин ќе продолжи понатаму во останатите објекти.
Упатуваме голема благодарност до Зегин и нивната иницијатива за соработка.
