МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО

Денес со групата Цветчиња 2-3 години, од Матичниот објект, го одбележавме Меѓународниот ден на семејството со реализирање на неколку активности. Учеството во вакви активности го поттикнува чувството на сигурност, прифатеност, доверба и овозможува емоционално врзување кон повеќе лица, како и членови од семејството. Се поттикнува и сензибилизирање на чувствата кон другите, развивање на позитивни емоции и чувството на припадност.