ЈАГОТКИТЕ МОИ

Групата „Пчелички“ на возраст од 2-3 години, од Матичниот објект денес за активност имаа боење со восочни бои во контура „Јаготка“.
Знаењата ги проширија преку неколку садници со јагоди. Децата одблизу се запознаа со начинот на нивниот раст, а имаа прилика и самите да ги наберат и да ги вкусат.
Потоа одбравме контура на јагода за да ја бојат со восочни боички.
Целта на оваа активност е да се развива способноста за ракување со цртачките материјали, поттикнување развој на фината моторика, но и координација на око – рака при боење во контура.