ПРЕВОЗНИТЕ СРЕДСТВА ВО МОЈАТА ОКОЛИНА

Децата од групата „Верверички“ од Матичниот објект на возраст од 3-4 години, се воведоа и се запознаа со карактеристиките на „Копнениот“ сообраќај преку нагледни средства и разговор.
Целта на активноста е запознавање, именување и препознавање на сообраќајните превозни средства кои најчесто се движат во непосредната околина (автобус, автомобил, камион) нивниот изглед, големина, функција, брзина и сл., но и правилно однесување и движење на пешаците при учество во сообраќајот. Паралелно се развиваше и мислењето, концентрацијата, вниманието кај децата.